1. Почетна
  2. Приватност

Политика за приватност

Кои податоци ги користиме и зошто. Кратко: само она што ни го праќате за да го договориме превозот.

Без колачиња и аналитика

Оваа страница не поставува колачиња, не користи аналитика и не вчитува скрипти од други фирми.

Страницата се испорачува преку Cloudflare, кој при секоја посета ја гледа вашата IP адреса за да ја испорача страницата и да ја заштити од напади.

Податоци што ни ги праќате

Кога ќе се јавите или ќе ни пишете на Viber, WhatsApp или SMS, го добиваме вашиот телефонски број и она што ќе ни го напишете: адреси, катови и товар. Ги користиме само за да ви дадеме цена и да го изведеме превозот.

Не ги продаваме и не ги споделуваме со други. Ги чуваме само додека се потребни за договорената работа, а потоа ги бришеме.

Податоците ги обработува BDS Transport од Скопје. За прашања или бришење на вашите податоци јавете се на +389 72 638 358.

Фотографии од проекти

Фотографии од вашиот дом или канцеларија објавуваме само ако се согласите.

Од фотографиите што ги објавуваме ги бришеме сите скриени податоци, вклучително и локацијата каде се сликани.

Ако сакате да отстраниме фотографија или вашите податоци, јавете ни се преку контакт.

Услуги

Процени цена
Јави се +389 72 638 358 Пиши на Viber
Пон–Саб 07–21
Јави се Viber WhatsApp