- Почетна
- Услови
Услови за користење
Како се договара цената, што е вклучено во превозот и како се закажува и плаќа.
Цена
Процената на страницата ја покажува цената за превоз со комбе од Скопје, кога товарите сами. Конечната цена ја договараме пред да почнеме, откако ќе ни ги кажете адресите, катовите и товарот.
Договорената цена не се менува на денот, освен ако товарот или адресите се различни од договореното.
Превоз со комбе и селидба
Кај превозот со комбе вие товарите и растоварате, а ние возиме. Носењето по скали без лифт и товарењето од нашата екипа се доплаќаат и се договараат однапред.
Кај селидбата ние пакуваме, носиме и возиме, по цена договорена по телефон.
Закажување и плаќање
Термин закажувате по телефон, Viber или WhatsApp, од понеделник до сабота, 07 до 21 часот. Договорената цена ја плаќате по истоварот.